/ Прочитано:

1.380

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ: Пролонгирање на рокот за плаќање за субјектите со блокирана сметка

Четврток, 17 септември – Министерството за финансии најавува измени на Законот за платниот промет, а во врска со пролонгирање на рокот за плаќање со пресметка од страна на субјектите со блокирана сметка.

Од Министерството велат дека основната цел поради која се предлага овој закон е одложeна примена на одредбата од членот 25 став 1 од Законот за платниот промет за две години, со што учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка меѓусебните парични побарувања и обврски ќе можат да ги плаќаат со пресметка до 31.12.2017 година.

„Со постојните одредби од Законот за платниот промет е утврдено дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка, меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг можат да го вршат до 31.12.2015 година. Имајќи предвид, дека од 1 јануари 2016 година престанува можноста за плаќање со пресметка од страна на субјектите кои имаат блокирана сметка, а да не се зададе дополнителен товар на стопанството се оцени дека е неопходно примената на наведената одредба да се одложи за две години. Имајќи го во предвид горенаведеното, се оцени дека е неопходно да се изврши изменување на Законот за платниот промет“, велат од Министерството за финансии.

M.В