/ Прочитано:

1.201

Измени на Законот за трговија во согласност со проектот „Учиме од бизнис-заедницата“

Министерството за економија ја презентираше пред Владата информацијата за изменување на Законот за трговија во согласност со иницијативата на компаниите посетени во рамките на проектот „Учиме од бизнис-заедницата“.

„Со информацијата, Министерството за економија во рок од два месеци треба да достави Предлог за изменување на Законот за трговија за укинyвање на времето за продажба на алкохол и укинување на ограничувањето, односно на забраната на продажба на алкохол во киосци, за кои ќе се издава лиценца“, информираат од Владата.

M.В