/ Прочитано:

1.327

ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА: Подобрување на правата на малцинските инвеститори

Во Собранието на Република Македонија предложен е Закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, по скратена постапка.

ABusinessDocumentSigning

Целта на Предлог-законот е подобрување на правата на малцинските инвеститори преку соодветни измени во начинот на функционирање на акционерските друштва и друштвата со ограничена одговорност во Република Македонија. Основните начела предвидени со Предлог-законот се јавност и транспарентност при спроведување постапки за донесување одлуки од значење за функционирањето на АД и ДОО.

Како што се посочува во законското образложение, основните решенија содржани во Предлог-законот се:

– пролонгирање на роковите во делот на постапката за свикување собрание на акционери, односно собир на содружници, од сегашните најмалку 25 до 50 дена за АД, како и осум дена за ДОО, на сега предложените 30 дена, сметано од денот кога писмената покана, односно известувањето по писмен пат е испратено или објавено, до денот на одржување на собранието, односно собирот;

-во рамки на друштвата со ограничена одговорност, при отуѓување на имотот, се предвидува постапка за одобрување од страна на органите на управување и надзор, односно од собирот на содружници, како дел од постапка за одобрување голема зделка, која во моментов се применува само за акционерските друштва.

М.В