/ Прочитано:

1.321

ИЗМЕНИ ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК: До 10 години затвор за родители што наведуваат деца на питачење

Понеделник, 25 ноември 2013 – Зат­ворска казна од ед­на до де­сет го­ди­ни ќе до­би­јат ро­ди­те­ли­те кои ги мал­тре­ти­ра­ле и ги за­пуш­ти­ле сво­и­те де­ца или ги на­ве­ду­ва­ле на пи­та­ње. Ова се дел од из­ме­ни­те на Кри­вич­ни­от за­ко­ник, кои се во соб­ра­ни­ска про­це­ду­ра, и из­ме­ни­те на За­ко­нот за се­меј­ство што ги ус­вои Вла­да­та.

Со из­ме­ни­те на Кри­вич­ни­от за­ко­ник кои се во соб­ра­ни­ска про­це­ду­ра, за кри­вич­но­то де­ло за­пуш­та­ње и мал­тре­ти­ра­ње де­те – ро­ди­тел кој гру­бо ќе го за­пуш­ти ма­ло­лет­но­то ли­це, ќе го мал­тре­ти­ра или ќе го при­ну­ду­ва на ра­бо­та што не од­го­ва­ра на не­го­ва­та воз­раст или по­ра­ди ко­рист го на­ве­ду­ва на пи­та­ње, пред­ви­де­на е каз­на зат­вор од ед­на до де­сет го­ди­ни. А ако на де­те­то му се да­ва­ни нар­ко­тич­ни или пси­хот­роп­ни суп­стан­ции, сто­ри­те­лот ќе се каз­ни со зат­вор од нај­мал­ку осум го­ди­ни“, ре­че ми­нис­те­рот за труд и со­ци­јал­на по­ли­ти­ка, Ди­ме Спа­сов.

Министерот појасни де­ка со из­ме­ни­те на За­ко­нот за се­меј­ство, ако се слу­чи ро­ди­те­лот за прв пат да го зло­у­пот­ре­би ро­ди­тел­ско­то пра­во, од­нос­но да го на­ве­ду­ва де­те­то да пи­та, пред­ви­де­но е Цен­та­рот за со­ци­јал­на ра­бо­та да го пре­дуп­ре­ди за про­пус­ти­те и да до­не­се ре­ше­ние за пос­то­јан над­зор над вр­ше­ње­то на ро­ди­тел­ско­то пра­во. 

Ако и пок­рај ука­жу­ва­ња­та, ро­ди­те­лот пов­тор­но го на­ве­ду­ва де­те­то на пи­та­ње или вр­ши на­сил­ство врз не­го, Цен­та­рот за со­ци­јал­ни ра­бо­ти е дол­жен вре­ме­но да му го од­зе­ме де­те­то и за­дол­жи­тел­но да под­не­се кри­вич­на при­ја­ва про­тив не­го.

„Во слу­ча­и­те ко­га Цен­та­рот за со­ци­јал­на ра­бо­та ќе ут­вр­ди де­ка ро­ди­те­лот со сво­и­те пос­тап­ки го до­вел жи­во­тот на де­те­то во опас­ност, дол­жен е без пре­дуп­ре­ду­ва­ње, вед­наш да му го од­зе­ме де­те­то и да му обез­бе­ди со­од­вет­но згри­жу­ва­ње. Цен­та­рот е дол­жен да пре­зе­ме мер­ки за заш­ти­та на пра­ва­та и ин­те­ре­си­те на де­те­то до до­не­су­ва­ње на ко­неч­на­та суд­ска од­лу­ка за од­зе­ма­ње на ро­ди­тел­ско­то пра­во и за­дол­жи­тел­но да под­не­се кри­вич­на при­ја­ва про­тив ро­ди­те­лот“, ре­че Спа­сов.

Ка­ко зло­у­пот­ре­ба или гру­бо за­не­ма­ру­ва­ње на ро­ди­тел­ски­те дол­жнос­ти се сме­та и на­ве­ду­ва­ње­то на де­те­то на пи­та­ње или ко­рис­те­ње де­те за пи­та­ње, ако ро­ди­те­лот вр­ши фи­зич­ко или емо­ци­о­нал­но на­сил­ство врз не­го, по­ло­во го ис­ко­рис­ту­ва, му доз­во­лу­ва упот­ре­ба на ал­ко­хол, дро­га или дру­ги пси­хот­роп­ни суп­стан­ции, го на­ве­ду­ва на оп­штес­тве­но неп­ри­фат­ли­ви по­ве­де­ни­ја, го на­пуш­тил де­те­то и по­дол­го од три ме­се­ци не се гри­жи за не­го и на кој би­ло на­чин гру­бо ги кр­ши не­го­ви­те пра­ва. Ако Цен­та­рот не пос­та­пи на овој на­чин, пред­ви­де­ни се гло­би од 1.000 до 1.500 ев­ра во де­нар­ска про­тив­вред­ност за пре­кр­шок на ов­лас­те­но­то служ­бе­но ли­це, од 3.000 до 5.000 ев­ра на прав­но­то ли­це за пре­кр­шок и 1.500 до 2.000 ев­ра на од­го­вор­но­то ли­це за пре­кр­шок.