/ Прочитано:

2.037

Извештај на „Фридом хаус“: Македонија е делумно слободна земја

Според американската невладина организација „Фридом хаус“, Македонија е делумно слободна земја. Настаните и случувањата годинава во Македонија, оценува организацијата, треба да се следат. Државите од Западен Балкан имаат потреба од поддршка од поголемите и моќни демократски држави за да напредуваат кон остварување на демократските принципи. Во Македонија, се вели во извештајот, посредништвото од Вашингтон и Брисел помогна да се разреши долгогодишната политичка криза. Новата влада се обидува да ја искорени корупцијата и другите системски злоупотреби кои се засилиле за време на претходна влада.

Покрај Македонија, како делумно слободни земји од регионот се оценети и Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина, додека Србија, Хрватска, Бугарија и Грција се во редот на држави чии граѓани уживаат слобода. Според извештајот од 195 држави, 49 се неслободни, 58 се делумно слободни и 88 се слободни. Во Извештајот, исто така, се оценува дека на глобално ниво под закана се и демократските вредности, посебно правото за слободни и фер избори, слободата на медиумите и владеењето на правото.