/ Прочитано:

777

Извештајот на Комисијата за 24 декември во четврток влегува во Собрание

Вторник, 27 август 2013 – Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, за во четврток закажа Координација со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија на која ќе се основа Работната група за имплементација на препораките од Извештајот на Комисијата за расветслување на настаните во Собранието, соопштија од кабинетот на Велјановски.

Инаку, Извештајот содржи седум правни квалификации и 11 препораки со кои во иднина ќе треба да се подобри работењето на Собранието. Меѓу препораките што комисијата ги усвои се и:

  • усогласување на одредбите помеѓу Законот за Собранието и деловникот за работа на Собранието,
  • итна ревизија на деловникот во делот на скратувањето на носењето одредени закони,
  • промена на постапката за носење буџет – утврдување точни и прецизни рокови,
  • да се издвои собраниското обезбедување од МВР,
  • да се донесе нов Закон за обезбедување во случај на вонредни и непредвидени ситуации,
  • развивање дијалог и координација на пратеничките групи.