/ Прочитано:

1.528

Извештајот на СЈО на комисиска расправа во Собранието

Првиот шестмесечен извештај, кој исто така беше поднесен до Собранието и до Советот на јавни обвинители, помина без дискусија бидејќи и законодавниот дом и Советот ја чекаа Јанева да го образложи извештајот. Тогаш специјалната јавна обвинителка не отиде во двете тела за да ја презентира работата на институцијата со која раководи.

03 (1)

Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15.3.2016 до 15.9.2016 година денеска ќе биде разгледан од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Покрај шестмесечниот извештај за работата на СЈО, пред членовите на Комисијата е и Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во Република Македонија за 2015 година.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најави дека лично ќе го презентира извештајот пред пратениците.

Првиот шестмесечен извештај, кој исто така беше поднесен до Собранието и до Советот на јавни обвинители, помина без дискусија бидејќи и законодавниот дом и Советот ја чекаа Јанева да го образложи извештајот. Тогаш специјалната јавна обвинителка не отиде во двете тела за да ја презентира работата на институцијата со која раководи.

Покрај на комисиска расправа, извештајот за работата на СЈО е ставен и на дневен ред на седница на Собранието закажана за в понеделник.