/ Прочитано:

831

Извештајот за присутност на пратениците на координативна средба и комисиска расправа

Понеделник, 17 ноември 2014 – На денешната координативна средба во Собранието на Република Македонија, генералниот секретар треба да го достави извештајот за редовноста на пратениците.

Според постапката, претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи треба да го достават овој извештај до Комисијата за мандатно – имунитетни прашања, која во рок од 15 дена треба да донесе заклучок и да предложи тој да биде ставен на дневен ред на собраниска седница.

На 10-ти овој месец истекоа шест месеци од верификацијата на 34-те мандати на пратениците од опозицијата од страна на Собранието. Само три пратенички од 34-те народни избраници се вклучија во работата на Собранието и се спротиставија на ставот на опозицијата за бојкот на Парламентот. СДСМ и помалите опозициски партии се изјаснија дека не се враќаат во Парламентот.

Мандат на пратеник може да се одземе со двотретинско мнозинство.