/ Прочитано:

1.016

Извршена 17-та смртна казна во САД оваа година

Четврток, 17 април 2014 – Во Тексас беше извршена смртна казна врз маж кој со нож ги усмртил поранешната девојка, нејзиниот тригодишен син и нејзината мајка, соопштија затворските власти во Хантсвил.

Егзекуцијата е извршена врз 38-годишниот Хосе Виљегас со инјекција.

Ова е 17-та смртна казна која е извршена во САД оваа година, а седма во Тексас.

Виљегас, според тврдењата на локалните медиуми, за време на извршувањето на злосторството бил под дејство на кокаин.

Откако во САД во 1976 година повторно почнале да се изрекуваат смртни казни, во Тексас се извршени врз повеќе од 515 лица, што е една третина од вкупниот број.