/ Прочитано:

1.150

Извршена последната егзекуција во САД за годинава

Среда, 18 декември 2013 – Во американската сојузна држава Оклахома во среда е извршена последната смртна пресуда во САД за 2013 година, соопштуваат официјални лица од затворот.

Со смртоносна инјекција убиен е Џон Дејл Блек кој имал 48 години, а бил осуден за сурово убиство на тренерот за коњи во 1998 година, пренесуваат странските агенции. Блековата егзекуција е 39-та по ред во 2013 година, стои во затворските забелешки. Неговите последни зборови биле дека со ова ништо не се постигнува и дека ова е уште едно убиство и уништување на уште едно семејство. Тој им порачал на најблиските дека ги сака сите, посебно неговата мајка.