/ Прочитано:

4.126

Јасер Асани е назначен за извршител во Гостивар и Кичево

Четврток, 13 февруари 2014 – Министерот за правда Блерим Беџети го назначи Јасер Асани од Гостивар за извршител на подрачјето на Основниот суд во Гостивар и Основниот суд во Кичево. Вкупниот број на именувани извршители на ова подрачје сега изнесува пет.

Како што истакна Беџети, Министерството за правда тековно ги врши своите надлежности од областа на извршувањето, презема мерки за нивна професионализација и унапредување, ја следи состојбата со пополнувањето на бројот на непополнети седишта на извршители согласно со Правилникот за бројот и распоредот на службени седишта на извршителите.

„Законот за извршување e реформски закон со кој од 2006 година се промени во целост системот на извршување на извршните исправи, а анализите на досегашната примена на Законот за извршување покажуваат дека се реализираше основната цел на овој закон, а тоа е да се создаде ефикасен систем на извршување и остварување на правата на доверителите во разумен рок“, истакна Беџети.

Од иницијалните 41 извршител кои во 2006 година започнаа со примената на новиот систем на извршување, во моментов во Република Македонија именувани се вкупно 99 извршители.