/Прочитано:

92

Јавна дискусија на тема: „Реформи во јавниот сектор“

Беа отворени повеќе прашања во делот на законските измени, финансирањето на јавниот сервис, медиумската продукција, условите во кои работат новинарите, известувањето на локално ниво и уште многу други теми. Оваа јавна дискусија претставуваше отворена можност за сите присутни да дадат свој придонес со конструктивни коментари и забелешки за предлог-законски измени во медиумската сфера.

Министерството за информатичко општество и администрација организираше јавна дискусија на тема: „Реформи во медиумскиот сектор“. На јавната дискусија свое обраќање  имаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

На настанот присуствуваа голем број претставници на медиумските здруженија, новинари, домашни и меѓународни организации и претставници на дипломатскиот кор во земјата.

Беа отворени повеќе прашања во делот на законските измени, финансирањето на јавниот сервис, медиумската продукција, условите во кои работат новинарите, известувањето на локално ниво и уште многу други теми.

Оваа јавна дискусија претставуваше отворена можност за сите присутни да дадат свој придонес со конструктивни коментари и забелешки за предлог-законски измени во медиумската сфера.

Во наредниот период Министерството за информатичко општество и администрација ќе продолжи со организирање на отворени работни средби и дискусии на различни теми кои денеска беа отворени. Целта е креирање инклузивен процес во кој ќе бидат вклучени сите релевантни фактори и засегнати страни.