/ Прочитано:

815

Јавна опомена и мисла од Волтер за пратениците кои се степаа во Собранието

Среда, 27 август 2014 – Со јавна опомена за вчерашните инциденти, собранискиот спикер Трајко Вељановски реагираше по денешната координација во законодавниот дом.

На почетокот на денешната собраниска седница, Вељаноски во кусо обраќање пред пратениците рече дека не може да го прифати насилството како начин за решавање на политичките разлики.

“Mислам дека само со взаемно почитување и толеранција можеме да создаваме многу повисока политичка структура која ќе се темели врз принципите на демократијата, дефинирана со онаа позната мисла на Волтер. Поради инцидентот за денеска се одржа ад хок координација на која врз основа на член 43 став 4 од законот за Собрание е донесена мерката јавна опомена за пратениците кои го предизвикаа и учествуваа во овој инцидент”, рече Вељаноски во своето излагање.

Денеска во Собранието имало координативен состанок меѓу пратеничките групи и тогаш е донесена одлуката за јавна опомена на пратениците од ДУИ и ДПА кои вчера се степаа во Собранието.

Велјановски изрази жалење и потенцира дека тој ниту како пратеник ниту како човек не можел да го прифати насилството како начин на пресметка.

Тепачка изби кога пратениците на ДПА Орхан Ибраими и Талат Џафери од ДУИ по жестока расправија и физички се пресметаа.

На тепачката и се приклучија сите, по што обезбедувањето реагираше и ги раздвои.