/ Прочитано:

747

Јавна опомена за член на Советот на Општина Бутел поради судир на интереси

Вторник, 7 октомври 2014 –  Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи по предмети од областа на судирот на интереси констатирала состојба на судир на интереси кај лицето Хаки Бајрам поради кумулација на функции – истовремено со функцијата член на Совет на Општина Бутел ја извршува и функцијата Управител на две трговски друштва што е спротивно на одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

„Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба на судир на интереси, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обрати лично до лицето Хаки Бајрам со барање во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откаже од извршување на едната од двете функции кои истовремено ги извршува со што ќе се надмине состојбата на судир на интереси во која се наоѓа. Хаки Бајрам не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси Државната комисија за спречување на корупцијата донесе одлука на ова лице да му се изрече мерка јавна опомена“, известуваат од Антикорупциска.Согласно со член 25 став 2 од Законот за спречување судир на интереси мерката јавна опомена се објавува во средствата за јавно информирање.