/ Прочитано:

1.304

Јавна седница на Државната комисија за спречување на корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата постапувајќи во согласност со членот 74 од Изборниот законик денеска одржа јавна седница.

Извршители

На јавната седница се разгледаа приговорите поднесени во врска со членот 8-а од Изборниот законик од страна на Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – Скопје против Министерството за правда, против АД „Македонска пошта“, подружница ГЦПС Скопје 2, против НУ „Театар за деца и младинци“ и против политичката партија ВМРО – ДПМНЕ предмет бр. 12-4905/1.

Државната комисија за спречување на корупцијата одби неколку приговори од СДСМ, по претходно разгледување на документацијата доставена од институциите против кои беа поднесени приговори, а во врска со конкурсите за вработување на кои се однесуваа приговорите.

На седницата се разгледа и приговорот поднесен во врска со членот 8-а од Изборниот законик од Наталија Белчевска од Валандово против Агенцијата за вработување на Република Македонија, но и тој беше отфрлен. Според Антикорупциската комисија, Белчевска требала да се жали на изборот на кандидати на конкурсот во АВРМ, а не да се обрати до Комисијата.

Во однос на приговорите, според Министерството за правда, не е извршен избор на нотари по огласот објавен во октомври 2016 година,  а според АД „Македонска пошта“ не бил извршен избор на шалтерски работник бидејќи постапката е прекината. Како и АД „Македонска пошта“, така и Театарот за деца и младинци од Скопје прекинал постапка за вработување на двајца актери за кои имал согласност од Министерството за финансии за 2016 година.

Антикорупциската комисија го отфрли и приговорот СДСМ за ВМРО­ – ДПМНЕ во врска со поставувањето на камен-темелник на градинка во Општина Зрновце на 1 декември 2016, по распишувањето на изборите.

Според документацијата на Агенцијата за вработување, истакнаа од Антикорупциската комисија, постапката за избор на кандидати била завршена пред изборниот процес.

Пратениците до 30 јануари треба да поднесат анкетни листови за имотната состојба

Етички кодекс за пратениците, спречување судир на интереси и примање подароци – препорачува ГРЕКО за членовите на Собранието