/ Прочитано:

802

Јавната дебата за државниот испит, презакажана во последен момент – студентите се собраа пред МОН

Среда, 17 декември 2014 / 15:00 – Јавната дебата за пакетот законски решенија од областа на образованието, која беше најавена да се одржи на Педагошкиот факултет, во последен момент е преместена во Министерството за образование и наука.

Од Студентскиот пленум се сомневаат дека промената на локацијата е направена по најавениот „упад“ на студентите што не биле поканети да присуствуваат на дебатата во Педагошкиот факултет. Од Пленумот тврдат дека не биле повикани да присуствуваат на дебатата, па од тие причини најавија дека во 14.00 ќе бидат на Педагошкиот факултет.

„Исплашени од нашата реакција, во последен момент ја преместија дебатата од Педагошки факултет во Министерството за образование и наука! Се гледаме во 14 часот пред Министерството. Ширете ја информацијата и да живее демократијата!!!“, стои во објавата на Студентски пленум.

 Во меѓувреме, дел од студентите од Студентскиот пленум се собра пред Министерството за образование и со транспаренти го изразуваат незадоволството.