/ Прочитано:

1.716

ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО: Обвинителен акт за лицето што повлече за коса пратеничка во Собранието

Јавното обвинителство информира дека е поднесен обвинителен акт за уште едно лице за насилство во Собранието на Република Македонија

„Основното јавно обвинителство – Скопје, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27.4.2017 година, спроведе истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело насилство од чл. 386 ст. 6, а во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик. За ова кривично дело, во согласност со ставот 6, предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години.

По завршената истражна постапка, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје е поднесен и обвинителен акт против осомничениот. Имено, лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот дом извршило грубо насилство повлекувајќи за коса пратеничка во македонското Собрание. Оштетената во настанот се здобила со тешка телесна повреда“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

M.В