/ Прочитано:

1.970

Јоханес Хан: Работата на СЈО е важна за понатамошно зајакнување на владеењето на правото

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој денеска престојува во Скопје, претпладнево се сретна со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Ленче Ристоска и Катица Јанева, прес за вториот Извештај

По средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека темата на нивниот разговор била работата на СЈО во изминатиот период.

„Разговаравме за периодот што помина, како работевме во СЈО и со кои предизвици се соочивме во однос на материјални и професионални проблеми и во однос на продолжување на нашиот мандат во иднина, изјави Специјалната обвинителка Јанева.

Таа истакна дека на денешната средба со Хан станало збор и за тоа како ќе функционира Специјалното јавно обвинителство во иднина и на кој начин ќе продолжат да дејствуваат, но не соопшти повеќе детали.

Јанева нагласи само дека се надева дека пратениците ќе ги изгласаат законите за олеснување на работата на оваа институција пред да се распушти законодавниот дом.

Еврокомесарот Хан на својот твитер-профил напиша дека со Јанева зборувал за нејзината работа и за предизвиците со кои се соочува СЈО.

„Работата на СЈО е важна за понатамошно зајакнување на владеењето на правото“, наведува Хан во својата порака на Твитер.

А. Б.