/ Прочитано:

1.419

ЈОРМ: Наредби за проверка на информациите за кражба на пари и предмети од банкарски сефови

Основното јавно обвинителство – Скопје издаде наредби за проверка на информациите за кражба на пари и предмети од банкарски сефови, информираат од ЈОРМ.

„Основното јавно обвинителство – Скопје од 30.11.2017 година постапува по пријавата за наводна кражба на пари и вредни предмети од сефови во Шпаркасе банка. Пријавата е заснована на изјавите на две лица кои тврдат дека во нивните банкарски сефови недостигаат пари и вредни предмети. Оваа пријава веднаш е дадена на работа на дежурен јавен обвинител, кој во насока на расветлување на случајот издаде наредба за обезбедување на снимките од видеонадзорот и барање за обезбедување податоци и документација од банката. Истовремено, издадена е и наредба за вештачење на материјални траги подигнати на самото место. Притоа, се проверува кој сè имал пристап до трезорот со сефови на банката“, се вели во соопштението на ЈОРМ.

М.В