/ Прочитано:

4.756

Јован Вранишковски осуден на 3 години затвор

Вторник, 2 јули 2013 – Кривичниот суд денеска го осуди првообвинетиот во судскиот предмет „Расколник“, расчинетиот владика Јован Вранишковски,  на затворска казна во траење од 3 години. Преостанатите 18-мина негови следбеници меѓу кои и неговата мајка и сестра добија 2-годишни условни казни. Со одлука на судот ќе се конфискува и целиот нивен имот во вредност за која беа обвинети. 

Обвинетите во „Расколников“ се товарат за перење пари. Според обвинението, тие се обиделе да ги пуштат во промет парите кои Вранишкоски ги проневерил од МПЦ и со нив да купат недвижен имот и земјиште.

Расчинетиот владика на МПЦ претходно од велешкиот суд заработи 2 и пол години затвор за проневера на 250.000 евра пари на МПЦ.

Во исчекување на пресудата, следбеник на Вранишковски со клетва кон новинарите

Следбениците на расчинетот владика Јован Вранишковски со клетви кон новинарите во судницата во Кривичниот суд додека присутните беа во исчекување на објавата на судската одлука. Наместо соопштување на пресуда, судијата го врати предметот во доказна постапка, откако се појави нов сведок  кој тврдеше дека му бил сосед на Вранишковски во Нерези и дека имале спор околу плацовите со кои се граничеле.

Ако сум виновен јас, јас да умрам. Ако сте виновни вие, вам да ви умре најмилото. Со овие зборови Давид Нинов, приврзаник на расчинетиот владика Јован Враниковски им се обрати на новинарите кои беа присутни во судницата.

Денеска беше најавена објава на одлуката за случајот „Расколник“, во кој првообвинетиот е Јован Вранишковски уште 18 негови приврзаници и роднини. Судскиот совет предметот го врати во доказна постапка, а денеска беше сослушан нов сведок кој тврдеше дека му бил сосед на Вранишковски во Нерези и дека имале спор околу плацовите со кои се граничеле. Тврдеше дека 500 метри квадратни од неговото лозје уништил Вранишковски и побара од него земјата да биде вратена во првобитна состојба.

Токму овој сведок ги изреволтира и ги изнервира обвинетите. Според нив, тој би лажен, а одлуките на судот не ги носел судијата туку некој друг.

 Адвокатот на обвинетите, Александар Тортевски, рече дека од лични и морални причини го откажува полномошното бидејќи, како што рече, не сака да учествува во наместен процес. Обвинетиот Вранишковски тврдеше дека не го знаел сведокот, за кој рече дека бил лажен.

 „Судијата не е виновен, судијата ќе игра како ќе му свират, јас се жртвувам за црквата”, рече Вранишковски, кој додаде дека судот нема никакви докази за случајот за којшто ги товари. Според него, сведокот не знаел да каже ниту кога точно се сретнале, а неговата мајка, која исто така е обвинета во случајот, рече дека најверојатно тоа е човек кој е собран од улица и на кој му дале пари да сведочи против нив.