/ Прочитано:

1.327

ЈОВЕСКИ: Утврдувањето на вистината ќе биде приоритетната цел на јавните обвинители

„Пред голем предизвик сме да ја вратиме загубената доверба на граѓаните во работата на Обвинителството и да се профилираме како професионална институција што ќе ги гони сторителите на кривични дела. Затоа ќе работам Обвинителството да ја заштитува законитоста и да обезбедува владеење на правото во Република Македонија. Ја уверувам јавноста дека Обвинителството ќе се дистанцира од извршната власт и од другите центри на моќ и ќе биде самостоен државен орган надлежен за гонење на криминал. Исто така, ја гарантирам самостојноста во постапувањето на јавните обвинители и инсистирам да го истражуваат и да го гонат криминалот и корупцијата, а своите одлуки да ги носат исклучиво врз основа на доказите и фактите што ќе се утврдат, а утврдувањето на вистината да им биде приоритетна цел“, истакна новоименуваниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

Новиот јавен обвнител во свечената изјава која ја даде во Собранието на Република Македонија и се обврза дека ќе ги почитува Уставот и законите и ќе работи чесно, совесно и непристрасно.

Со 61 глас „за“ и еден „воздржан“, денеска Собранието на РМ го именуваше Љубомир Јовески за нов јавен обвинител. Јавниот обвинител го именува и разрешува Собранието за време од шест години. Шеесет и тригодишниот Јовески во своето досегашно работење постапувал во кривичната област…Професионалната биографија на Љубомир Јовески, предложен за нов јавен обвинител на Република Македонија

М.В