/ Прочитано:

2.161

ЈСП монтира видео камери во автобусите

Понеделник, 24 февруари 2014 – Јав­но­то со­об­ра­ќај­но прет­при­ја­тие (ЈСП) ви­кен­дов поч­на да ги мон­ти­ра сни­ма­чи­те и во дво­кат­ни­те и во нис­ки­те ав­то­бу­си, со цел да се зго­ле­ми без­бед­нос­та на пат­ни­ци­те, пренесува „Вест“. 

Но­ви­те уре­ди се на­ба­ве­ни од тур­ска­та фир­ма „Кент-карт”, ко­ја обез­бе­ди 35 сни­ма­чи за во дво­кат­ни­те и 15 за во ук­ра­ин­ски­те автобуси. Ми­шо Ни­ко­лов, ди­рек­тор на ЈСП, нај­а­ви де­ка сни­ма­чи­те ќе се пос­та­ват во си­те ав­то­бу­си со бро­јот 65, ка­ко и на ли­ни­и­те 19, 2, 7 и на уш­те не­кол­ку дру­ги ре­ла­ции ка­де што се ре­гис­три­ра­ни по­ве­ќе ин­ци­ден­ти.

„Ве­ќе поч­нав­ме да ги мон­ти­ра­ме сни­ма­чи­те и пла­ни­ра­ме во те­кот на на­ред­ни­те две-три не­де­ли да ги ин­ста­ли­ра­ме си­те“, ве­ли Ни­ко­лов.

Но­ви­те уре­ди се дел од про­ек­тот на ЈСП и на по­ли­ци­ја­та за на­ма­лу­ва­ње на на­силс­тво­то во ав­то­бу­си­те и за по­диг­ну­ва­ње на свес­та на ма­ло­лет­ни­ци­те за ме­ѓу­себ­но раз­би­ра­ње. За таа цел, пред три ме­се­ци беа за­ле­пе­ни пос­те­ри на пос­тој­ки­те и внат­ре во ав­то­бу­си­те, под мо­то­то„Скоп­је – град без на­сил­ство во град­ски­от пре­воз”.

За по­го­ле­ма без­бед­ност, зго­ле­мен е и бро­јот на кон­тро­ло­ри во кри­тич­ни­те ав­то­бу­си. Во те­кот на ми­на­та­та го­ди­на беа ре­гис­три­ра­ни по­ве­ќе од де­вет на­па­ди врз во­за­чи и над 15 ин­ци­ден­ти, нај­чес­то те­пач­ки ме­ѓу сред­нош­кол­ци.