/ Прочитано:

1.552

„Југохром“ нема да работи и во наредните три месеци, поради што вработените протестираат

Комбинатот „Југохром“ од Тетово, кој е оценет како најголем загадувач на животната средина во овој дел на Македонија, доби уште три месеци забрана за работа. Имено, Државниот инспекторат за животна средина, во согласност со Законот за животна средина, донесе решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот „Југохром“ за дополнителни 90 дена. Од овие причини, Синдикалната организација на комбинатот, „Југохром Алзар“, денеска организира протест, односно блокада на регионалниот пат Скопје – Тетово кај наплатната рампа кај Желино. Вработените во „Југохром“ се гневни бидејќи, како што велат, неработењето на „Југохром“ ги остава без парче леб.

Југохром

Невладината организација за заштита на животната средина „Еко герила“ информира дека загадувањето на воздухот во градот Тетово е на најниско ново во текот на овој месец, што според нив е резултат на неработењето на „Југохром“. Тетово во моментов е на 10-тото место во Македонија по загаденост на воздухот.

„И во текот на јануари 2017 година Тетово важи за еден од најмалку загадените градови во Македонија, а во периодот кога работеше „Југохром“ овој град беше речиси редовно на првото место во земјава според загаденоста на воздухот, и тоа не само во Македонија, туку беше водечки и на листата на најзагадени градови во светот. Анализата објавена неодамна од страна на Институтот за јавно здравје покажува дека загадувањето на воздухот предизвикува најголем број на смртни случаи и дека најголем број од болестите се должат токму на аерозагадувањето. Тоа е крајно неприфатливо за нас и поради тоа силно го поддржуваме затворањето на Југохром“, потенцираат од НВО „Еко герила“.

Во меѓувреме, фабриката „Југохром“ од Тетово, која е оценета како најголем загадувач на животната средина во овој дел на Македонија, доби уште три месеци забрана за работа. Имено, Државниот инспекторат за животна средина, во согласност со Законот за животна средина, донесе решение за продолжување на забраната за работа на комбинатот „Југохром“ за дополнителни 90 дена.

Министерството за животна средина соопшти дека ваквата одлука е донесена откако Државниот инспекторат за животна средина извршил инспекциски надзор, по што е утврдено дека „Југохром“ повторно не ги исполнува активностите предвидени во Оперативниот план, со кои се предвидува и поставување на системот за отпрашување. Комбинатот не работи од почетокот на ноември минатата година поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.

Од овие причини, Синдикалната организација на комбинатот, „Југохром Алзар“, денеска организира протест, односно блокада на регионалниот пат Скопје – Тетово кај наплатната рампа кај Желино. Вработените во „Југохром“ се гневни бидејќи, како што велат, неработењето на „Југохром“ ги остава без парче леб.

Инаку, според информациите на еколошките друштва кои постојано го следат загадувањето на воздухот во повеќе градови во Македонија, просечните вредности на честичките ПМ10 за месец јануари се:

1. Гази Баба 199,7

2. Лисиче 199,4

3. Скопје Ректорат 190,0

4. Битола 166

5. Карпош 164,7

6. Скопје Центар 155,7

7. Миладиновци 149,7

8. Куманово 144,2

9. Кичево 114,8

10. Тетово 112,7

11. Кавадарци 107,7

12. Кочани 71,1

 

А. Б.