/ Прочитано:

792

„ЈУСТИЦИЈА“: Стартот на судењето закажан за 29 септември

Среда, 16 септември 2015 – Тринаесет лица, судии и стручни соработници од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1, обвинети во случајот „Јустиција“, на 29 септември ќе седнат на обвинителна клупа. 

Во акцијата „Јустиција“, која се случи лани во октомври, беа уапсени дваесетина лица од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 под сомнение за кривичното дело несовесно работење во службата. Јавно обвинителство – Скопје, во меѓу време, склучи шест спогодби. 

Според кривичната пријава, судиите и службениците со неизвршување на службената должност нанеле штета на Буџетот од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал. Според МВР, осомничените воделе постапка без да се појават обвинетите, а судските казнени пресуди биле внесувани како извршени, но биле чувани во фиоки сè до нивно застарување. На застарените пресуди, според МВР, се ставал и противзаконски изготвен штембил дека постапката се запира.