/ Прочитано:

4.033

Како да се биде и добар правник и добар бизнисмен

Според Орта, треба да се има верба во сопствените бизнис-способности бидејќи, како што вели, правниците имаат способност да се испробаат на повеќе професионални полиња и се доста добри и талентирани за тоа. Познато е дека математиката е нивна слаба страна, така што треба добро да ја совладаат за успех во бизнисот. Орта вели дека бројките го движат светот, го развиваат бизнисот и ги контролираат пазарите, а бизнисот без броеви е како птица без крилја. Правниците кои сакаат истовремено да се занимаваат и со бизнис мора добро да го разбираат бизнисот, да бидат луѓе кои постојано ќе се интересираат за нови работи, ќе поставуваат прашања и ќе контактираат со бизнис-експерти за да се надградуваат.

Адвокати документи

Американската веб-страница за правни вести „abovethelaw.com“ објави интересна колумна на Џон Орта, главниот правен застапник на стартап компанијата „Метромајл“ која се занимава со продажба на осигурувања во сообраќајот и која е единствена компанија што нуди осигурување каде што корисникот плаќа основна стапка и фиксна стапка врз основа на поминатите километри.

Орта ја започнал својата кариера  како стручен соработник во една адвокатска канцеларија, но откако ја увидел вредноста на поседувањето диплома по бизнис и економија се запишал на студии по бизнис. Наместо да направи целосна промена во кариерата, тој одлучил да ги комбинира правото и бизнисот во својата работа.

Во својот текст тој дава неколку совети за правниците кои сакаат да се  занимаваат со бизнис и со инвестиции.

Орта вели дека за тоа, пред сè, треба многу работа и малку ризикување бидејќи, сепак, правникот се соочува со ново поле на интерес, особено ако се решил да започне стартап бизнис. Исто така, потребна е и негова лична заложба за новата бизнис-авантура бидејќи на тој начин ќе научи многу за новата работа и ќе му биде полесно да се снајде доколку нешто тргне наопаку.

Во почнувањето со нов бизнис, Орта советува дека нема простор за преголемо его бидејќи треба да се работи со голем број луѓе, да се градат контакти итн. Правникот бизнисмен треба да биде отворен за идеите што ќе му бидат предложени од некој друг бидејќи никогаш не се знае кој може да понуди добро решение за некоја работа и што може да донесе таа идеја или тој совет за новиот бизнис.

Исто така, според Орта, треба да се има верба во сопствените бизнис-способности бидејќи, како што вели, правниците имаат способност да се испробаат на повеќе професионални полиња и се доста добри и талентирани за тоа. Познато е дека математиката е нивна слаба страна, така што треба добро да ја совладаат за успех во бизнисот. Орта вели дека бројките го движат светот, го развиваат бизнисот и ги контролираат пазарите, а бизнисот без броеви е како птица без крилја.

Правниците кои сакаат истовремено да се занимаваат и со бизнис мора добро да го разбираат бизнисот, да бидат луѓе кои постојано ќе се интересираат за нови работи, ќе поставуваат прашања и ќе контактираат со бизнис-експерти за да се надградуваат.

На крајот Орта советува дека правниците мора да бидат и добри слушатели. Прво детално треба да го ислушаат соговорникот, па потоа да му одговорат бидејќи не може да се биде добар тимски играч доколку претходно не се ислуша соговорникот, доколку не се покаже интерес за она што го зборува тој. Само на тој начин ќе стекнете заемна доверба, а со вашето трпение и со покажувањето интерес ќе градите бизнис-врски кои ќе траат долго, заклучува  Џон Орта.