/ Прочитано:

1.005

Катастарот нема да прима барања утре и на 7 декември

Понеделник, 30 ноември 2015 – Поради надградба на електронскиот систем на Катастарот, утре (1 декември) и в понеделник следната недела (7 декември), нема да се примаат барања и да се издаваат податоци преку електронскиот шалтер, шалтерите во скопскиот Центар за катастар на недвижност и во одделенијата за катастар на недвижности низ државата.

Агенцијата за катастар на недвижности денеска соопшти дека следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата.

„По надградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците“, се вели во соопштението од Агенцијата за катастар.