/ Прочитано:

725

КИРМ со донација за штитениците на ЈУ Специјален завод – Демир Капија

Понеделник, 12 јануари 2015 – Комората на извршители на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници донираше гарнитури за седење за штитениците на ЈУ Специјален завод – Демир Капија

„Нашето мото е секогаш кога имаме можност да помагаме и токму во таа насока е и нашата одлука по повод новогодишните и божиќните празници да ги израдуваме штитениците на ЈУ Специјален завод – Демир Капија со пригодна донација“, се вели во соопштението од Комората на извршители на РМ.

По насока на првите луѓе на институцијата, како што е наведено во соопштението, дневниот престој ќе биде опремен со три гарнитури за седење, каде што штитениците ќе може да поминуваат пријатни мигови.

„На овој начин, покажавме дека бевме и ќе бидеме и натаму општествено одговорна организација бидејќи она што за нас можеби значи малку за други значи внимание и мигови исполнети со среќа“, велат од Комората.