/ Прочитано:

5.060

199 Обрасци на договори од трговското работење и од имотното право

1 dogovori

Публикацијата „199 Обрасци на договори од трговското работење и од имотното право“ е сериозен кандидат кој претендира да заземе значајно место во македонската правна литература. Публикацијата има за цел да им биде од корист на мноштво субјекти, како: адвокати, нотари, извршители, правни консултанти, односно таа е наменета за сите што практикуваат договорно право.

Книгата е практично систематизирана и поделена на дванаесет поглавја, со различни модели на договори создадени според потребите на современата договорна практика. За полесно снаоѓање, публикацијата содржи и Листа на закони и други правни акти, како и Поимник за полесно разбирање, кој се состои од дадени поими според нивната употреба во одделните обрасци, односно модели на договори.