/ Прочитано:

5.354

ТУЖБИ на граѓанското и трговското право и во работните и во управните спорови (примери, прописи, објаснувања и судска практика)

тужби книга

Преку објаснувања како и општи согледувања, целта на овој обемен и исцрпен труд е да ја приближи материјата на тужбите преку практични и реални примери. 435 тужби, од областа на граѓанското и трговското право, како и работните и управните спорови, се прикажани, објаснети, и коментирани, преку насоки и препораки.

Поделена во 6 дела, прикажани се тужби според законот за сопственост и други стварни права (според Закон за договорен залог, Закон за облигационите односи, Закон за наследувањето, Закон за семејство), тужби на трговското право (според Законот за трговски друштва, други закони од трговските дејности и тужби во врска со вршење на одделни дејности во стопанството), тужби во други правни субјекти, тужби според законот за работните односи, тужби според законите за граѓанските судски постапки и тужби според Законот за управни спорови. На крајот се прикажани апликации според процесните закони за поведување постапка пред Европскиот суд за човековите права.

Трудот е збогатен и со примери за противтужби, приговори и предлози, како и со општи согледувања, карактеристики и објаснувања за секој од законите. Кусиот, но темелен вовед јаобјаснува тужбата како средство на имотноправната заштита, при што се опфатени поимот имотноправна заштита и поимањата за барањето (претензијата, претенцијата), за тужбата и за правото на правна заштита.

Оваа своевидна „архива“ на тужбите, заедно со прописите, објаснувањата и судската практика претставува искулучително богат и значаен придонес кон материјата на тужбите и е документ кој во голема мера ќе им помогне и на теоретичарите и на практичарите.