/Прочитано:

414

Закон за концесии и јавно приватно партнерство (со коментар, примери, обрасци и објаснувања)

Значењето на усогласен, конзистентен Закон за јавно приватно партнерство  е огромно ако се земе предвид неговото влијание во целокупното општествено живеење и функционирање. Со Законот за концесии и други видови на јавно приватно партнерство од 2008 година се создаде правна рамка која е неопходен предуслов за влез на приватниот капитал во изградбата на инфраструктурните објекти и во обезбедувањето квалитетни јавни услуги. Бенефициите од неговото донесување и соодветно имплементирање се многукратни: забрзано јакнење на инфраструктурата, намалување на трошоците на целокупниот проект, подобар стимул за вршење на работите, подобар квалитет на услугите, подобра распределба на ризикот и слично.

Ваквиот тип на партнерство е во пораст и е застапено во сите земји во ЕУ, со разлики во моделите кои произлегуваат од разликите во националната легислатива. Нормативното уредување на оваа материја кај нас е заокружено со донесувањето на 6 подзаконски акти. Доусогласувањето на постојниот закон со европското законодавство и новиот конзистентен текст, целосно усогласен со европското законодавство, во кој ќе биде имплементирана Директивата 2204/18/Е3, е од исклучително значење за успешно и сеопфатно имплементирање на овој Закон.  

Токму затоа, поради исклучителната важност на законот, но и неговата „новост“, особено е значајно неговото правилно читање и користeње, како и укажувањето на неговата опфатност. Овој Коментар, со исцрпните и повеќе од  потребни објаснувања, примери на одлуки од праксата, коментари на законите и подзаконските акти како и потребните обрасци, е значаен чекор напред кон правилна и успешна негова имплементација во пракса.