/ Прочитано:

8.950

Закон за облигационите односи

Согласно барањата на правото на Европската Унија, Законот за облигациони односи, како клучен закон со кој се регулира прометот на стоки и услуги, повторно е надополнет и проширен, преку транспонирање на соодветни Директиви. Токму овие измени и дополнувања кои имаат за цел негово осовременување, се опфатени во ова трето дополнето издание.

Јасно и недвосмислено се означени членовите во кои се извршени промени, односно кои се новододадените членови, при што причините поради кои се извршуваат измени и дополнувања се наведени во коментарот кон секоја од конкретните одредби од ЗОО. Покрај коментарите и објаснувањата на новите членови и измените на постојните делови, целосно се прегледани и извршени потребните промени и корекции во објаснувањата и коментарите. На тој начин се добива целосен преглед на најновите измени, што тие значат и која е потребата за нивна измена или дополнување.

Со еден збор, книга која мора да ја имате на својата полица! Текстот на Др. Кирил Чавдар, е неодминлива лектира со која Законот за облигациони односи ќе го владеете на високо професионално ниво. Исцрпните коментари, објаснувања и извадоци од судската пракса ќе ви овозможи јасен и детален увид во сите членови, со измените и дополнувањата, примена на Законот во согласност со европските директиви и конечно, непречено и ефективно одвивање на прометот на стоки и услуги.