/Прочитано:

944

Закон за парничната постапка – трето изменето и дополнето издание (со коментари, судска практика, примери за практична примена и предметен регистар)

2 kniga ZPP 2016a

Во издание на Академик излезе книгата Закон за парничната постапка – трето изменето и дополнето издание (со коментари, судска практика, примери за практична примена и предметен регистар).

Коментарот на Законот за парничната постапка претставува еден практичен обид за отстранување на пречките кон спроведувањето на новиот дух во решавањето на парничните предмети во судовите. И покрај тоа што треба да помине одреден период од примената на новиот ЗПП со неговите измени за да се анализираат одредени пропусти, се наметнува потребата од практичен коментар кон имплементирањето на Законот.

Оваа книга, составена од сто примери за практична примена, објавена судска практика речиси кон секоја одредба од Законот, регистар на поими и детална содржина на книгата, има за цел појасно разбирање на одредбите на овој Закон и негово целисходно применување во практиката.

„Целите што треба да се постигнат со предложените измени и дополнувања на  Законот за парничната постапка се: создавање на законски претпоставки за посоодветно остварување и заштита на правата на странките во постапката, преку зголемување на степенот на нивната одговорност за успехот во спорот со давањето на законско право на странките, нивните законски застапници или полномошници  непосредно и без претходна дозвола од судот, да поставуваат прашања на странките, сведоците и вештаците; обезбедување посоодветни законски механизми странките да дојдат до доказите (документите) кои им се потребни во постапката, а не се наоѓаат кај нив; доуредување на одредбите од ЗПП во делот на задолжително водење на записник во форма на тонски запис; системско усогласување на одредбите на посебната парнична постапка по платни налози преку воведување на институтот „судски платен налог“ и  усогласување со предложените решенија за нотарски платен налог во Предлогот на закон за нотаријатот; зголемување на вредноста на споровите од мала вредност и споровите од мала вредност (од 180.000 денари на 600.000 денари) и во стопанските спорови; зголемување на вредноста на предметот на спорот по кој постапува судија поединец во општата парнична постапка (од 1.800.000 денари на 3.000.000 денари), како и во постапката по стопанските спорови, како и пропишувањето на задолжителен обид за решавање по пат на медијација на стопанските спорови до 1.000.000 денари, а по кои постапката се поведува со тужба пред суд, пред поднесување на тужба до суд.“