/ Прочитано:

3.144

Закон за управните спорови

закон за управните спорови

Ова дело дефинитивно ја надополнува празнината која ја оставија измените на Законот за управни спорови со последните негови измени од  2010 година. Пречистен текст на ЗУС не е донесен, така што интегралниот текст на Законот во овој Коментар е дело на самите автори, со укажувања како гласела односната одредба пред измените и дополнувањата на ЗУС од 2010 година.

Употребувајќи го компаративното право, како и насоките прифатени од меродавните фактори од ЕУ, а посебно со новото законодавство, теоретските разгледувања и практиката на оваа област во Р. Србија и Р. Хрватска, како и со она што правната мисла и практика го постигнала во врска со примената на претходните закони за управните спорови , спецификата, големината  и неопходноста на овој авторски труд, оди многу повеќе од само едноставен Коментар на ЗУС.

Изработен со нималку лесната задача да придонесе кон правилно применување на законското одредување на управносудската постапка, користејќи ја притоа и скромната објавена судска практика создадена после измените од 2010 година, но и богатата претходна судска практика, авторите настојуваат своите согледувања во врска со одделните одредби од Законот да ги изразат јасно и прецизно. Токму затоа, овој Коментар по својата намена спаѓа во оние во кои проблематиката е обработена од практичен аспект и за практиката, на начин на кој се укажува поврзаноста на одделни членови од законот со други негови членови и со целината на Законот, но и со одредбите од други закони, што овозможува секоја одредба да се согледа во целосноста на законот, на одделните гранки од правото, а некаде – и во целината на правниот систем.

Во согледувањето на целокупноста на Законот, особено се од помош и бројните изводи од судски одлуки, примерите на тужби, одговори на тужби и жалби, како и предметниот регистар, на тој начин пружајќи соодветен придонес во примената на овој дел од правото со кој се уредува управносудската постапка