/ Прочитано:

4.838

КОДЕКС НА СУДИСКА ЕТИКА

Среда, 1 април 2015 – Независноста, непристрасноста, интегритетот, пристојноста, еднаквоста, стручноста и совесноста се принципите етички што ги обврзуваат судиите, според Кодексот на судиската етика, кој, како што истакнуваат од Здружението на судии, треба да биде документот во кој ќе се заколнуваат судиите при преземањето на судиската функција.

„Кодексот на судиската етика не е да ги краси ѕидовите на судските кабинети“,вели претседателот на Здружението, Николчо Николовски, кој најави дека негова лична интенција во наредниот период ќе биде судиите во свечената изјава којашто ја даваат при преземањето на судската функција да се заколнуваат и во Кодексот за судиска етика.

Повикувајќи се на меѓународните документи, принципи и прифатени стандарди, во Кодексот за судиската етика првенствено е определено сека независноста на судството е предуслов за владеењето на правото и претставува основна гаранција за правично судење.

„Според тоа, секој судија треба да ја поддржува и да дава пример на судиската независност како во однос на индивидуалните, така и во однос на институционалните аспекти.Судијата ја врши судиската функција независно, врз основа на лична оцена на фактите и во согласност со совесното разбирање на правото и примена на законот, без оглед на какви било надворешни влијанија, предубедувања, притисоци, закани или мешања, посредни или непосредни, од која било страна и од која било причина“, се пропишува во Кодексот, во кој стои дека судијата е „независен во односот со општеството“.

Понатаму, се определува дека судијата не смее да биде под влијание на извршната и на законодавната власт и во секоја пригода ја брани независноста на судот од политички притисоци и влијанија.

Судијата ја извршува судиската функција без пристрасност, предубедување или предрасуди. Судијата, со своето однесување како во судот така и надвор од судот, придонесува за одржување, односно за подобрување на довербата кај јавноста за правната професија и за подобрување на довербата кај странките во непристрасноста на судијата и на судството.

Судијата внимава на своето изземање кога не е во можност да донесе непристрасна одлука по одреден предмет, односно внимава да не остави впечаток дека не е во состојба непристрасно да суди.

Според Кодексот, судијата треба се однесува беспрекорно од гледна точка на кој било разумен набљудувачзатоа што однесувањето на судијата како во професионалниот, така и во приватниот живот ја потврдува довербата на луѓето во интегритетот на судството.

Исто така, судијата и членовите на неговото семејство не смеат да примаат, ниту да бараат никакви подароци, заеми, ниту пак други услуги во однос на нешто што може да го направисудијата, односно да пропушти да го направи во врска со вршењето на судиската функција.

Судијата треба да се однесува на начин со кој се зачувуваат достоинството и дигнитетот на судиската функција и непристрасноста и независноста на судството и не смее да дозволи семејните, социјалните или другите односи несоодветно да влијаат врз однесувањето при вршење на судиската функција.

Под услов соодветно да ги врши судиските должности, во случаите кога се бара и со согласност од органутврденсо закон, судијата можеда пишува, да предава, да држи настава и да учествува во активности поврзани со законот, со правниот систем, со делењето на правдата и со слични работи.

„Судијата е свесен и ја разбира разнообразноста во општеството и разликите коишто произлегуваат од најразлични извори, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на раса, боја, пол, вера, национално потекло, посебни потреби, возраст, брачна состојба, сексуална ориентација, социјална и економска состојба и други слични причини“, стои во Кодексот за судиската етика, според кој, стручноста и совесноста се предуслови за соодветното извршување на судската функција.

Судијата во постапката пред судот е трпелив, достоинствен и љубезен во односот со странките, поротниците, сведоците, адвокатите и со другите лица со кои судијата службено соработува.

Во Кодексот се укажува и дека секој судија е должен да ги препознае и да се заштити од случаите кои се подведуваат под судир на интереси и корупција.

„Овие правила се разумни правила и секој од деловите на овој Кодекс треба да се читаат заедно како целина, и секоја одредба треба да биде толкувана во контекст на и во согласност со секоја друга одредба“, се вели во Кодексот.

Интегрален текст на Кодексот како негова целина

 M.В