/ Прочитано:

805

Комисија од 11 лица предводена од Јавното обвинителство ќе ја истражува хеликоптерската несреќа

Сабота, 12 јули 2014 – Формирана е комисијата која ќе ја води истрагата за хеликоптерот што се урна во четвртокот вечерта кај Струмица, при што загинаа четворица пилоти. Според најавите, Комисијата ќе ја води Јавното обвинителство.

Како што објавува 24 вести, Комисијата ќе биде составена од 11 стручни лица од министерството за внатрешни работи, од крим техника, хеликоптерската единица и СВР Струмица, а според  обвинителството, целта на комисијата е обезбедување на стручна помош во тек на увидот.

„Станува збор за прелиминарно истражување, утврдување и спецификација на остатоците од хеликоптерот“, велат од обвинителството.

Очекувањата на дел од експертите се дека комисијата ќе треба да одговори која била причината за уривањето на полицискиот хеликоптер и зошто четворица врвни пилоти биле дел од ист редовен лет.

Според досегашните сознанија на МВР, хеликоптерот МИ 17 удрил во антенски столб  висок 120 метри во сопственост на Македонска радиодифузија, а пилотите не се пожалиле дека имале проблем со леталото за време на летот.