/ Прочитано:

1.251

КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА НА КОНКУРЕНЦИЈАТА: Глоба од 3 милиони евра за трговци со електрична енергија

Понеделник, 27 октомври 2014 – Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди забрането услогласено однесување на трговци со електрична енергија и изрече глоба од 3 милиони евра, соопштуваат од оттаму.

Соопштението на  Комисијата за заштита на конкуренцијата, објавено денеска, Ви го пренесуваме интегрално:

„Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата на седницата одржана на 21.10.2014 година донесе решение со кое утврди дека Друштво за производство, трговија и услуги ЕФТ Македонија ДООЕЛ – Скопје, Друштво за трговија со електрична енергија ЕЗПАДА ДООЕЛ Скопје, Друштво за трговија со електрична енергија РУДНАП ДООЕЛ Скопје, Друштво за трговија и продажба на електрична енергија ГЕН-И ДООЕЛ Скопје и ГЕН-И трговање ин продаја електричне енергије д.о.о., Кршко, Словенија, како претпријатија кои што вршат дејност трговија со електрична енергија, при учество на јавни набавки на АД ЕЛЕМ, Скопје за набавка на електрична енергија за тарифните потрошувачи (домаќинства и претпријатија кои се приклучени на дистрибутивниот систем на електрична енергија) во Република Македонија, во повеќе наврати учествувале во забрането усогласено однесување со кое се нарушува конкуренцијата.

Имено, истите доставувале понуди за продажба на електрична енергија со цени и количини претходно одредени на начин кој им овозможувал да ги делат количините на електрична енергија која требало да се испорача на АД ЕЛЕМ, Скопје и тоа директно преку доставување на понуди и индиректно преку меѓусебно склучување на договори за купопородожба на електрична енергија која била предмет на набавките на АД ЕЛЕМ што имало за цел нарушување на конкуренцијата преку фиксирање на цените и делење на пазарот на набавка на елетрична енергија за тарифните потрошувачи.

Со наведеното однесување сториле прекршок од член 59 став (1) точка 1 во врска со член 7 став (1) точка 1) и 3) од од Законот за заштита на конкуренцијата („Службен весник на РМ“ бр.145/10 136/11 и 41/14).

Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата утврди дека Друштво за производство, трговија и услуги ЕФТ Македонија ДООЕЛ – Скопје, Друштво за трговија со електрична енергија ЕЗПАДА ДООЕЛ Скопје, Друштво за трговија со електрична енергија РУДНАП ДООЕЛ Скопје, Друштво за трговија и продажба на електрична енергија ГЕН-И ДООЕЛ Скопје во забранетото усопгласено однесување учествувале во периодот од 18.10.2011 година до 29.02.2012 година, во 11 наврати, додека ГЕН-И трговање ин продаја електричне енергије д.о.о., Кршко, Словенија учествувало во забранетото усопгласено однесување во периодот од 28.10.2011 до 29.02.2012 година во 4 наврати.

За учество во забранетото усогласено однесување, на наведените претпријатија Комисијата за одлучување по прекршок им изрече глоба во вкупен износ од околу 3.000.000 евра (184.858.733 денари)“.