/ Прочитано:

1.114

Комисијата за извоз на стоки и технологии со двојна употреба добива нови надлежности за засилена контрола

Понеделник, 1 декември 2014 – Проширување на надлежностите на Комисијата за извоз на стоки и технологии со двојна употреба со што таа ќе ја следи и координира контролата на извозот и ќе ги разгледува сите документи по поднесени барања при што ќе подготви записник за секој поединечен предмет и записникот со своето мислење ќе го достави до министерот за економија.

Ова се новите овластувања на Комисијата кои се предвидени во предложените измени и дополнувања на Законот за контрола на извозот на стоки и технологии со двојна употреба кои се наоѓаат во собраниска процедура.

„Предложените измени на законот имаат за цел да се прошират надлежностите на Комисијата за извозот на стоки и технологии со двојна употреба.Со измените се интервенира во материјалниот дел од текстот на Законот, и тоа: Со членот 1  се интервенира во членот 4 став (2) така што согласно надлежностите на Секретаријатот за законодавство утврдени во член 40 став 2 од Законот за Владата на Република Македонија како и надлежностите кој што се предлагаат за комисијата да ги разгледува барањата за издавање на дозволи за извоз и дозволи за брокерски услуги на  стоки и технологии со двојна употреба, од составот на Комисијата се брише членот и заменик членот од Секретаријатот за законодавство. Исто така се интервенира и во став (4) алинеја 4 така  што наместо Комисијата да дава мислења по предмети  по кои е поднесена жалба, по барање на Комисијата на Владата на Република Македонија надлежна за решавање на жалби  од втор степен и се дава надлежност да ги разгледува барањата за издавање на дозволи за извоз и дозволи за брокерски услуги на  стоки и технологии со двојна употреба, односно да учествува во процесот на одлучување по предмети во прв степен“, се наведува во законското образложение.

Според владиното образложение на предложените законски измени, на овој начин се воведува уште еден филтер во процесот на издавањето на дозволи за извоз и дозволи за брокерски услуги на  стоки и технологии со двојна употреба. Истите како и досега ќе ги подготвува стручната служба на министерството за економија, но пред да се издаде дозволата од страна на министерот за економија истите ќе бидат разгледани уште еднаш од страна на Комисијата за извоз на стоки и технологии со двојна употреба.

Со измените, Министерот за економија ќе издаде дозвола за извоз и дозвола за брокерски услуги на стоки и технологии со двојна употреба само врз основа на позитивното мислење од институциите и позитивно мислење од Комисијата за извоз на стоки и технологии со двојна употреба.

Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба