/ Прочитано:

1.282

Комисијата за лустрација го разгледа извештајот за судскиот процес против Ченто: Предлози за лустрација на високи политички функционери

Петок, 29 ноември 2013 – Државната Комисијата за верификација на фактите го разгледа извештајот за судскиот процес против Методија Андонов – Ченто, но не донесе одлука заради дополнително истражување.

Од Комисијата за Академик велат дека за донесување на одлука потребно е да се направат дополнителни истражувања бидејќи во целокупниот процес биле вклучени повеќе чинители со што се наметнува потребата да истражат уште некои аспекти.

Во текот на седницата било предложено лустрацијата да опфати нивоа и на повисокиот политички естаблишмент на тогашното политичко раководство. Покрај имињата и улогите на членовите на тогашниот Окружниот народен суд и други видни функционери од политичкиот врв, како предлог се споменува и името на Лазар Колишевски.

Членовите на Окружниот народен суд во Скопје кои ја донеле пресудата за Методија Андонов Ченто се: Претседател на судскиот совет Панта Марина и членови Лазар Мојсов, подоцнежен висок југословенски функционер и Kоле Чашуле,  македонски писател и дипломат.

Методија Андонов Ченто е прв претседател на Президумот на АСНОМ. Се залагал за поголема национална и економска самостојност на Македонија и искажувал јасни несогласувања со југословенкиот политички врв.

Во 1946 година поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија поради несогласување со официјалната политика. Истата година е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, наводно заради обид за бегство во Грциј. Потоа во ноември за само два дена е осуден, добивајќи затворска казна во „Идризово“. Затворот го одлежува во крајно тешки и мизерни услови што се одразило на неговото здравје. За тоа време бил под постојана пресија да потпише покајание. Со крајно нарушено здравје, пуштен е после девет години и набрзо умира во 1957 година.