/ Прочитано:

797

Комисијата за заштита од дискриминација ќе презентира Годишен извештај и Водич за дискриминаторски основи

Четврток, 24 април 2014 – Комисијата за заштита од дискриминација и Мисијата на ОБСЕ  во Скопје ќе  презентираат  Годишен извештај на Комисијата за заштита од дискриминација за 2013,  наоди од истражувањето за дискриминаторските огласи и ќе промовираат Водич за дискриминаторски основи.

Целта на настанот е информирање на јавноста за резултатите од работата на Комисијата за заштита од дискриминација во 2013 година, како и за ресурсите изработени за правните практичари и социјални партнери.

Извештајот вклучува анализа на статистички податоци, презентација на конкретни случаи и посочување стратегија како да се постигне подобрување и напредок во областа на заштитата од дискриминација.

Изданието Водич за дискриминаторски основи, пак, опфаќа опширно толкување на постоечките дискриминаторски основи од аспект на меѓународното право.

На вториот дел од настанот ќе бидат изнесени конкретни наоди од истражувачкиот извештај „Дискриминација во огласите за вработување“.