/ Прочитано:

1.111

Комисиската расправа за Извештајот на Јанева одложена на неопределено време

Најпрво во јавна изјава, а потоа и преку соопштение, Јанева рече дека нема да присуствува на седниците на Советот на јавни обвинители и на Собранието.

Седница на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците

Ниту денеска не започна седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на чиј дневен ред повторно беше ставен Извештајот за шестмесечната работа на Специјалното јавно обвинителство.

Претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, рече дека седницата повторно е одложена поради недоаѓањето на обвинителката Катица Јанева. Според него, таа мора да биде присутна на седницата и да го образложи извештајот.

Ѓорчев не одреди датум за нова седница и рече дека за тоа дополнително ќе информира.

Од СДСМ, пак, велат дека тие се подготвени да учествваат во дебата и без присуство на специјалната јавна обвинителка.

Најпрво во јавна изјава, а потоа и преку соопштение, Јанева рече дека нема да присуствува на седниците на Советот на јавни обвинители и на Собранието.

„Нема да присуствувам на седницата на Советот на јавни обвинители и на седницата на Собранието на Република Македонија, при што повторно потенцирам дека не се работи за непочитување на овие две институции. Согласно законските прописи, а и согласно Уставот на Република Македонија, јас имам единствено законска обврска да поднесам извештај за шестмесечното работење на ова јавно обвинителство, кој извештај е поднесен и ги содржи сите елементи што законот ги пропишува“, беше наведено во соопштението потпишано од Јанева.