/ Прочитано:

834

КОНФЕРЕНЦИЈА: „Aнтикорупција – најдобри практики во борбата против јавната корупција“

Среда, 8 јули 2015 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска и утре во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите во рамките на успешно воспоставената соработка и во насока на зајакнување на билатерални односи помеѓу правосудствата на Република Македонија, САД и Република Хрватска, како и јакнење на капацитетите на казненото законодавство, во Охрид организираат Конференција на тема: „Aнтикорупција: Најдобри практики во борбата против јавната корупција“.

На конференцијата ќе присуствуваат судии и јавни обвинители од сите инстанци и од сите апелациони подрачја, адвокати и претставници на релевантни институции.

Со поздравно обраќање до присутните, конференцијата ќе ја отворат: 

  • Билјана Бришкоска-Бошковски,заменик министер за правда на Република Македонија
  • Марко Зврлевски, јавен обвинител на Република Македонија
  • Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и шеф на делегацијата на Република Македонија во Комитетот на ГРЕКО
  • Никола Додевски, адвокат и претседател на Адвокатската комора на Република Македонија и
  • Марк Л. Ласер, виш правен советник, Правна канцеларија на ИНЛ, Амбасада на САД во Скопје.

Презентации поврзани со темата ќе имаат: 

  • Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” и шеф на делегацијата на Република Македонија во Комитетот на ГРЕКО
  • Питер Ајнсворт, виш советник за борба против корупција, Кривичен оддел, Министерство за правда на САД
  • Марин Мрчела, судија на Врховниот суд на Република Хрватска и претседател на Комитетот на ГРЕКО
  • Тамара Лаптош,  обвинител и директор на УСКОК- Канцеларија за борба против корупција и организиран криминал на Република Хрватска
  • Никола Додевски, адвокат, претседател на Адвокатската комора на РМ
  • Тодор Витларов, виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип

Завршен говор на 9 ти јули  година ќе има Џес Л. Бејли, Амбасадор на САД во Република Македонија.