/ Прочитано:

542

КОНФЕРЕНЦИЈА: „Искуствата на САД со казнената реформа и придобивки за Република Македонија“

Понеделник, 12 мај 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители со поддршка на Амбасадата на САД и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (ИНЛ) денеска организира конференција на тема „Искуствата на САД со казнената реформа и придобивки за Република Македонија“.

Kонференцијата ќе ја отворат американскиот амбасадор во земјава Пол Волерс, претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова, јавниот обвинител Марко Зврлевски, и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска.

Покрај домашните експерти на конференцијата ќе учествуваат и Рикардо Хинохоса, претседател на Федералниот суд за Јужниот дистрикт во Тексас, САД и поранешен претседавач на Комисијата за одредување на казни во САД, Артур Хантер, судија во Кривичен суд од Орлеанс, Луизијана, САД, Дејвид Грис, федерален јавен обвинител и постојан правен советник на програмата ОПДАТ во Албанија и Лесли Јоан Розенборг, адвокат и менаџер на програмата на Американската адвокатска комора/РОЛИ.