/ Прочитано:

490

Конференција „Реформи во полицијата во рамки на кривично правниот систем и нивно спроведување“

Четврток, 27 ноември 2014 – Регионална конференција на тема „Реформи во полицијата во рамки на кривично правниот систем и нивно спроведување“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје.

Конференцијата е во организација на ОБСЕ и Министерството за внатрешни работи, а предвидено е министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска да има воведно обраќање на отворањето на конференцијата.