/Прочитано:

488

Консалтинг интер груп и Здружението за еднородителски семејни заедници „Една може“ потпишаа Меморандум за соработка

Меморандумот за соработка беше инспириран од активностите на здружението на еднородителски семејни заедници кое се залага за општествен и економски развој на самохраните родители и нивните деца и кое се бори за остварување на нивните социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права. Тоа е доброволно здружение кое функционира преку бројка на членови која надминува 2.000 луѓе и кое преку широка палета на активности, меѓу кои вршење едукации и нудење секојдневна поддршка, се бори за правата на жените и уште повеќе, за самохраните родители

Консалтинг интер груп, докажувајќи и потврдувајќи го статусот на  општествено одговорна компанија која во различни аспекти на своето работење ги применува принципите на дејствување во корист на поддршка на социјалното претприемништво и женското претприемништво, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за еднородителски семејни заедници „Една може“.

Преку Меморандумот за соработка, двете страни се согласија да дејствуваат во насока на зголемување на општествената свесност за положбата на еднородителските семејни заедници, предизвиците и ограничувањата со кои тие се соочуваат, пречките и предрасудите кои мора да ги надминат, како и отфрлање на зацврстената општествена стигма во нивното поимање.

Компанијата, како што се наведува во нивното соопштение, презема инцијативи кои придонесуваат за севкупен општествен развој, па во таа насока е потпишан и овој Меморандум за соработка. Тоа подразбира дека ќе се реализира основање на трговски друштва,  давање бесплатни правни совети и понатамошно континуирано  правно консултирање во однос на бизнисите кои Здружението за еднородителски семејни заедници „Една може“ ќе ги води, а кои имаат за цел осамостојување на жените во бизнисот и чекорење кон нивна сеопшта независност.

„Овој Меморандум за соработка беше инспириран од активностите на здружението на еднородителски семејни заедници кое се залага за општествен и економски развој на самохраните родители и нивните деца и кое се бори за остварување на нивните социјални, хуманитарни, здравствени, образовни и културни права. Тоа е доброволно здружение кое функционира преку бројка на членови која надминува 2.000 луѓе и кое преку широка палета на активности, меѓу кои вршење едукации и нудење секојдневна поддршка, се бори за правата на жените и уште повеќе, за самохраните родители“, е истакнато во соопштението на Консалтинг интер груп.

Преку склучување на Меморандумот за соработка, Консалтинг интер груп и „Една може“ се надеваат на поттикнување на желбата и мотивацијата кај пошироката јавност за сите да преземат чекори за вклучување во борбата за општествена еднаквост и подобрување на статусот на членовите на еднородителските заедници.