/ Прочитано:

827

КОНТРОЛИ ВО СТРУГА И ОХРИД: Затворени три угостителски објекта

Среда, 12 ноември 2014 – Охридската полиција заедно со Управата за јавни приходи и Државната пазарна инспекција синоќа извршија контрола во седум угостителски објекти во Охрид и Струга.

Затворени се три угостителски објекти, два во Охрид, другиот во Струга, а има и казни за пушење, како и за сопственик на објект кој почнал да крши кога дошле инспекторите.

Угостителскиот објект во Охрид е затворен поради неправилности во однос на фискализацијата, а во друг објект бил прекршен Законот за пушење за што против едно физичко лице изготвена е покана за наплата на глоба како и платен налог против одговорното и правното лице. Пазарната инспекција ќе изготви решение за времено затворање на угостителскиот објект. Поради прекршок согласно законот за прекршоци против јавниот ред и мир сторен од страна на сопственик на друг угостителски објект во Охрид, кој со дрско однесување и кршење на предмети го нарушил јавниот ред и мир, ги вознемирил граѓаните и ја загрозил нивната безбедност, ќе биде поднесена соодветна пријава. Против него ќе биде поднесен платен налог за наплата на глоба. И во Струга ќе биде затворен еден угостителски објект поради констатирани неправилности.