/ Прочитано:

697

„Концепт на еднаквост и антидискриминација“ – Советување за адвокатите и судиите од апелационото подрачје Гостивар

Понеделник, 20 април 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ), организира советување на тема „Концепт на еднаквост и антидискриминација”, наменето за судии од граѓанските оддели и адвокати од апелационото подрачје Гостивар.

Советувањето ќе се одржи од 27 до 29 април 2015 година, во хотелот „Алпина“, Маврово.

„Сите колеги кои се заинтересирани да земат активно учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-пошта: lawyermk@mba.org.mk“, известуваат од АКРМ.