/ Прочитано:

1.361

„Креирање и одржување на професионална и продуктивна работна средина“ – семинар на Македонската асоцијација за човечки ресурси

Среда, 6 мај 2015 – Македонската асоцијација за човечки ресурси  организира семинар на тема креирање и одржување на професионална и продуктивна работна средина. Семинарот ќе се одржи на 8 мај, во М6 Едукативен центар, од10:30 -15:00 часот.

Содржина на настанот:

Сесија 1: Creating a Respectful Work Environment Предавач: Patricia A. Meglich, Ph.D., SPHR  Вонреден професор по менаџмент на Универзитетот во Небраска во Омаха

Како лидер на човечките ресурси во организацијата, Вие помагате во воспоставувањето на пристапот за тоа какво е однесувањето кон вработените. Креирање на работна околина во која што владее професионалност и почит, вклучува разбирање на она што им е потребно на вработените со цел да бидат ефективни на работното место. Идентификација и справување со дисфункционално однесување претставува клучна лидерска вештина. Балансирањето на продуктивноста и благосостојбата на вработените бара од вас да ги опфатите важните елементи како што се: одговорност, етичко однесување, поддршка на лидерство, политики, еманципација, култура и доверба. Оваа сесија претставува вовед во овие концепти заедно со идеи за тоа како да и помогнете на вашата организација да има бенефит од придонесот на вработените, но и како да им помогнете на вработените да чувствуваат исполнетост при извршувањето на нивната работа.

Важно: Сесија 1 ќе се одржи на англиски јазик. Сесија 2: Како до подобра организациска усогласеност преку Vox Organizationis

Предавач: Марјан И. Бојаџиев Ректор на Универзитетот Американ Колеџ Скопје Компаниите денес се соочуваат со многу предизвици за кои причината ја бараат надвор од организацијата – намалена побарувачка, зголемена конкуренција, напредната технологија, глобализација… Но, многу често решението на овие проблеми лежи внатре во компаниите. Vox Organizationis е модел кој ќе Ви помогне да ја ‘наштимате’ Вашата организација за да даде врвни резултати дури и во услови на криза! Vox Organizationis е инструмент за мерење на организациската усогласеност кој ќе и помогне на Вашата компанија да ја подобри ефикасноста на вработените и ефективноста на процесите. Vox Organizationis анализира не само еден туку 3 клучни компоненти за работењето на секоја компанија:

1.     Организациската култура на вработените,

2.     Вредностите и визијата на лидерот

3.     Стратегијата и формалниот дел од организацијата

Преку детална анализа за секоја од овие компоненти преку 4 параметри, Vox Organizationis Ви нуди детални и практични решенија за подобрување на односите и процесите во Вашата компанија. Цел на  дискусијата ќе биде осознавање на предностите на организациската усогласеност и како да се постигне истата преку користење на Vox Organizationis.

Сесија 3: Две декади лидерство – Успешна сторија за моделирање на продуктивен амбиент за креативните професионални кадри

Предавач: Александра Дилевска  Извршен директор на Publicis Groupe Makedonija

Создавање и одржување на победничка агенциска култура е од клучно значење за мотивирање на луѓето да го дадат најдоброто од себе, да го развијат својот потенцијал и да бидат задоволни при извршувањето на нивната секојдневна работа. Создавање на работна средина во која луѓето имаат значајна улога и чувствуваат дека тие се оние кои имаат влијание врз перформансите на компанијата, придонесува за нивното задоволство и продуктивност. На оваа сесија ќе Ви биде презентирано како лидерскиот стил на агенцијата придонесе за креирање и одржување на професионален тим. Примери за тоа како создавањето на тимот, изборот на вистинските луѓе и единството на тимот се постигнати во Агенцијата за исклучителни перформанси и продуктивност. Ќе Ви биде споделено искуството за тоа како организирањето на работното место може да ги мотивира луѓето да соработуваат.

Предавачи:

Patricia Meglich, PhD., SPHR е HR професионалец со богато искуство и академец, која ги интегрира практичното организациско искуство со најдобрите тековни практики. Како директор на човечките ресурси на производствена компанија од автомобилската индустрија, имплементирала процеси и програми за управување со талентите, со кои се подобриле организациските резултати. Покрај долгогодишното искуство во производствениот сектор, таа е подеднакво квалификувана да им помогне на бизнис лидерите при подобрување на нивните организации со ефикасно менаџирање на нивните човечки ресурси. Експерт е во помагање на организациите и нивните вработени стратешки да се усогласат за да постигнат најдобри бизнис перформанси. Во моментов работи како вонреден професор по менаџмент на Универзитетот во Небраска во Омаха, а претходно работела како инструктор на неколку универзитети и колеџи за испорачување обуки преку различни медиуми, вклучувајќи ги традиционалната училница, учење на далечина, on-line, и хибридно учење. Нејзините истражувачки интереси се фокусирани на тоа како организациите можат да создадат и да одржат работна средина во која владее почит преку ангажирање на вработените на сите нивоа и влевање на чувство на лична одговорност и сопственост.

Марјан И. Бојаџиев е креатор на моделот за мерење на организациската усогласеност Vox Organizationis. Како искусен менаџер и поранешен директор на неколку средни компании и банки во Македонија зад себе има богато искуство во водење на вработените како најважен ресурс особено во услужните компании. Тој е претприемач, визионер и лидер, член на преку 20 меѓународни професионални организации, сертифициран консултант за менаџмент од Меѓународната асоцијација за менаџмент (CMC Certificate) и член на престижната Академија за менаџмент (Academy of Management – AOM). Бојаџиев е професор по ‘Организациско однесување’ и ‘Лидерство’, а во 2012 ја доби престижната награда Teaching Excellence Award – Teacher of the Year од американското акредитационо тело за бизнис школи и програми ACBSP.

Александра Дилевска е еден од основачите на Publicis Groupe во Македонија и ja води aгенцијата од ’96 година. Таа ја има изградено aгенцијата од 5 до 55 + маркетинг и креативни професионалци кои ја сочинуваат водечката маркетинг комуникациска агенција на пазарот што сега ги вклучува Publicis, Saatchi & Saatchi и Zenithoptimedia. Групацијата успешно се трансформираше следејќи ги трендовите во маркетинг комуникациите и потребите за нови вештини и таленти – и успеа да обезбеди мотивирачка работна средина во високо конкурентна и динамична индустрија. Освен признанијата на локалниот пазар, Агенцијата доби неколку меѓународни награди: Golden Drum festival, Eurobest, како и награди за Global Excellence во рамките на Publicis Worldwide. Publicis Macedonia исто така беше рангирана прва во глобалното истражување за задоволството на вработените меѓу Publicis агенциите во светот, спроведено во 2010 година. Александра е магистер по маркетинг менаџмент на Универзитетот Шефилд / City College во Солун, а исто така е дипломиран инженер по компјутерски науки на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Добитник е на наградата Орден на уметности и книжевност (Chevalier des Arts et Lettres) врачен од страна на француската влада.

За кого е наменет семинарот:

Оваа настан е наменет за претставници на топ менаџментот и менаџери на линиско ниво, претприемачи, професионалци од областа на управувањето со човечките ресурси, раководители на оддели и сектори т.е. за лица кои имаат менаџерски и лидерски одговорности или оние кои целат кон такви позиции.

Котизација и пријавување за учество: Котизацијата за еден учесник изнесува 2 200 денари. За двајца учесници од иста организација следува 10% попуст на износот за котизација. Членовите на МАЧР имаат попуст од 30% (1 540 денари) За студенти и невработени лица следува посебна промотивна понуда.

Пријавување на contact@mhra.mk или на тел. 078/389-277. Крајниот рок за пријавување и уплата на учесниците трае до 6 мај 2015 или до моментот додека не се пополни групата на принципот „прв пријавен – прв услужен“.

АГЕНДА ПРИЈАВА за УЧЕСТВО