/ Прочитано:

798

Крим усвои Устав

Петок 11 април 2014 – Кримските пратеници го изгласаа Уставот на Крим. Претставникот на Државниот совет на Крим, Владимир Константинов нагласи дека Уставот отвора повеќе перспективи на кримската државност и дека е завршеток на историскиот процес кој започна пред 60 години со нелегалното преминување на Крим во Украина, известуваат руските медиуми.

Како што се наведува во Уставот, Крим е „демократска правна држава во составот на Руската Федерација“, и неговата територија е „единствена и неделива и претставува неодвоив дел од територијата на Руската Федерација“

Паралелно, Руската република Крим и федералниот град Севастопољ се додадени на листата на конституивните ентитети во рускиот Устав.

Новата верзија на Уставот на Руската федерација објавена е денеска на официјалниот интернет портал за информации за законите.