/ Прочитано:

1.264

КРИВИЧЕН СОВЕТ: Триесетдневниот притвор на првоосомничениот во „Транспортер“ заменет со куќен притвор

Како што информираат од Кривичниот суд, Кривичниот совет денеска одлучувал и по жалбата поднесена од одбраната на осомничената Ј. Ј., на која ѝ беше определена мерка куќен притвор во траење од 30 дена од страна на судија на претходна постапка. Кривичниот совет ја одбил жалбата и го потврдил решението на судијата на претходна постапка.

Osnoven-sud-Skopje-1

Постапувајќи по жалба на првоосомничениот во предметот „Транспортер“, С. Б., кој преку својот бранител поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка, Кривичниот совет делумно ја прифатил жалбата и мерката притвор во траење од 30 дена ја преиначил и определил мерка куќен притвор.

Како што информираат од Кривичниот суд, Кривичниот совет денеска одлучувал и по жалбата поднесена од одбраната на осомничената Ј. Ј., на која ѝ беше определена мерка куќен притвор во траење од 30 дена од страна на судија на претходна постапка. Кривичниот совет ја одбил жалбата и го потврдил решението на судијата на претходна постапка.

По однос на останатите жалби Кривичниот совет ќе одлучува во текот на идната недела.

Од друга страна, пак, Специјалното јавно обвинителство најави дека ќе поднесе жалба само на едно решение на судијата на претходна постапка кој определи мерка за обезбедување за еден од осомничените.

Епилогот од тридневното сослушување на 11 осомничени во предметот „Транспортер“, кои беа изведени пред судија на претходна постапка со барање од СЈО за определување на мерки за обезбедување на нивно присуство, заврши со три решенија за мерка притвор за тројца осомничени, едно решение за куќен притвор и седум решенија за определени мерки за обезбедување, односно одземање на патната исправа, обврска да се јавуваат кај овластено лице во суд и забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето.

Дваесет и две лица, меѓу кои како првоосомничен се јавува градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, и злоупотреба на 360 илјади евра од Буџетот на Република Македонија преку злоупотреба на службената положба, се дел од новиот предмет што го отвори Специјалното јавно обвинителство, под име „Транспортер“.

Осомничените се товарат дека сториле кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 5 од КЗ. Во однос на градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талевски, не беше донесена наредба за спроведување на истражна постапка поради правни пречки – помилување од страна на Претседателот на државата.

Специјалното јавно обвинителство најави дека до Судот ќе поднесе и предлози за изрекување мерки против имотот на дел од осомничените и на дел од превозниците како правни лица кои поради кривичните дела стекнале имотна корист, со конкретно барање за забрана за располагање со имотот. Конкретно, ќе биде побарана забрана за располагање со 3 стана, 8 патнички моторни возила  и 33 автобуси со цел да биде надоместена предизвиканата шета.