/ Прочитано:

1.372

КРИВИЧЕН СУД: Барањето на СЈО за изземање на Петровска е неосновано

„Претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое се одбива барањето поради тоа што не се основани причините за изземање на судијката, кои СЈО ги навело во своето барање“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Основен суд Скопје 1 Скопје

Кривичниот суд одговори негативно на барањето на Специјалното јавно обвинителство за изземање на судијката Лидија Петровска од постапување по обвинителен предлог поднесен од страна на ова Обвинителство.

„Во однос на барањето за изземање од постапување на судијката Лидија Петровска по предметот XXI К. бр. 1905/16 на овој суд, поднесено од страна на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), претседателот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое се одбива барањето поради тоа што не се основани причините за изземање на судијката, кои СЈО ги навело во своето барање“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Сомнежот во непристрасноста на судијката која го води предметот за уништувањето на службени документи во Управата за безбедност и контраразузнавање е причината поради која Специјалното јавно обвинителство побара изземање на судијката од предметот.

Како што наведе СЈО, постојат околности што предизвикуваат сомневање во нејзината непристрасност во донесување на одлука, од причини што истата судијка се јавува во содржината на јавнообјавените незаконски прислушувани разговори.

Обвинителниот предлог на СЈО се однесува на седум службени лица од УБК осомничени за фалсификување на службена исправа.

М. С.